(ФОТО) Развиен во Германија, ќе се произведува во Полска за САД
Објавено во: Мои пари 12 Јануари, 2015 17:07
„General Motors“ (ГМ) го претстави моделот Buick Cascada наменет за американскиот пазар. Овој кабриолет првично е развиен како модел на Опел во германскиот Riselshajm, за купувач во Европа, а наскоро под знакот на американска марка ќе се продава и во САД.
Cascada е уште еден во низата модели настанати во соработката меѓу двата бренда кои му припаѓаат на ГМ. Претходно заеднички ги развива Buick Encore ,Opel Mokka, Buick Verano и Opel Astra Sedan, како и Buick Regal и Opel Insignia.
„Opel Cascada е развиен во нашиот Меѓународен технички развоен центар во Риселхајм, каде повеќе од 6000 инжиниери работат на моделите на Опел, но и на производите на други марки на ГМ“, објаснува шефот на Опел групата, Карл Томас Нојман и додава дека моделот со значка на „Buick“ ќе се изработува во фрабрика во Полска.
Cascada е воедно и прв кабриолет од марката „Buick“ во последните 25 години. „Американската“ верзија е управувана со 1.6 ECOTEC турбо бензинец со директно вбризгување кое произведува 147 kW/200 кс и испорачува максимален вртежен момент од 300 Nm.
„Buick Cascada“ ќе има премиера на саемот во Детроит, а во продажните салони стига во првиот квартал во 2016.
Меѓутоа, тоа не е се кога станува збор за овој кабриолет. Австралиската марка Холден исто така ќе профитира на глобалната стратегија на ГМ.
Опел во 2015 ќе почне да извезува неколку модели во Австралија и Нов Зеланд, под ознака на Холден. Покрај „Astre GTC“, спортската верзија ВХР и Insigniа, меѓу нив ќе биде и еден кабриолет - Холден Каскада.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив






