(ФОТО) Река од луѓе пред ГТЦ, почна кампањата за референдумот
Објавено во: Македонија 06 Април, 2015
Неколку стотици граѓани вечерва се собраа пред Градскиот трговски центар во Скопје на стартот на кампањата „Го Сакам ГТЦ“, а меѓу присутните е и градоначалникот Андреј Жерновски кој рече дека вечерва е дојден овде како обичен граѓанин .
Зад иницијативата и референдумот кој го организира Општина Центар застанаа 17 невладини организации покрај граѓаните.
За Жерновски , овој референдум е историски бидејќи е прв во Општина Центар и во Скопје.
Имено, референдумот ќе се одржи на 26 април кога граѓаните ќе излезат да го искажат своето мислење дали се за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.