(ФОТО) СКОПЈЕ – НЕКОГАШ И СЕГА!
Објавено во: Македонија 07 Април, 2015
На социјалните мрежи наидовме на оваа интересна фотографија која буди многу носталгични чуства во срцето на секој кој живеел во периодoт кога е направена првата слика и кога градскиот плоштад имаше еден посебен шмек сам од себе.
Раззеленети пролетни дрвја, Вардарот зелен тивко си жубори, Камен мост преполн со среќни лица кои брзаат ли брзаат да стигнат некаде. Полна е со живот во себе.
Додека на втората фотографија можете сами да го забележите сивилото. Мрачноста на сликата како времето облачно.
Нема дрвја, нема убав пролетен поглед ... кафен Вардар ... наоколу мермер, градби кои се издигаат високо над луѓето небаре повредни се од нив. Камениот мост се стуткал од нечистиот воздух ...
Мртвило. Жално за исечените дрвја кои го разубавуваат со години и години во минатото. Жално за ластовичките, кај ќе црцорат сега?
Нели дрвјата се бубрезите на природата, ни го прочистуваат воздух? Мораа ли да бидат исечени? И после зошто Скопје е најзагаден град во Европа.
Сами најдете го одговорот! А ако не сакате вашите внуци да растат во здрава средина тогаш правете се како ништо да не гледате. И викајте колку е САМО УБАВО , без разлика КОЛКУ Е МРАЧНО, ТАЖНО, НЕЧИСТО!