(ФОТО) Спектакуларен втор роденден на Скопје Сити Мол!
Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2014
Од 20:00 часот, на двете модни писти, зачекорија 20 прекрасни девојки и момци од целиот Балкан во најновите колекциите на модните брендови од молот. Вистинско модно шоу, финишираше со долна облека - момент кој го одзеде здивот на присутните. Топ моделите чекореа на пистите, водени од звуци на виолина, подоцна и од двајца перкусионисти, а целото шоу беше проследено и со перформанс на паркури.
По завршувањето на модното шоу, просторот на петтото ниво на катната гаража беше брзо адаптиран за еден од најхаризматичните, воедно најспецифични македонски диџеи - Кирил Џајковски. Во полн состав, Џајковски приреди двочасовно шоу за паметење. Огромен број посетители, еуфорично се забавуваа на неговите хитови до доцна во ноќта. Не смее да се заборави и ТК Вондер, девојката која ги поздрави Скопјани со фразата „Го сакам Скопје!”.