23 Јануари, 2025
0.0672

(ФОТО) „Тесла Конвој 2014“ пристигна во Скопје

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Денеска во Скопје пристигна иницијативата „Тесла конвојот 2014“ и пред македонската јавност беше презентирано електричното возило “Тесла модел С”.

Иницијативата „Тесла конвојот 2014“ и електричното возило “Тесла модел С” се презентира во Скопје како дел од активностите на Европската недела на мобилност.

Градоначалнилот на Град Скопје, Коце Трајановски оствари средба со претставници на „Тесла конвојот 2014“, Илија Вучков, Претседател на ЕМКИЦЕ (Европско-македонски центар за иновации и знаење) и Саша Цветојевиќ (сопственик на возилото) и ја даде својата поддршка на оваа иницијативата која има за цел да јапопуларизира употребата на електрични и хибридни возила во Југоисточна Европа, да ја подигне свеста за почиста и поздрава животна средина и за креирање зелен коридор со станици за полнење на електрични возила.

По средбата градоначалникот Трајановски и претставниците на „Тесла конвојот 2014“ заедно со автомобилот “Тесла модел С” се упатија кон плоштадот „Македонија“, каде истиот беше презентиран пред граѓаните.

- Градот Скопје се вклучи во Неделата на мобилност бреку голем број на настани и проекти, а данеска се вклучуваме во иницијативата “Тесла конвој 2014” за промоција на бенефитите од користењето на електромобилите. Овие возила се еколошки и не загадуваат, не прават бучава, а имаат и голем економски бенефити. Ова возило со едно полнење од 85 киловат часови може да помине околу 400 километри, што би чинело околу 350 денари, рече Трајановски.

„Тесла конвојот 2014“ е иницијативата која има за цел да ја популаризира употребата на електрични и хибридни возила во Југоисточна Европа, да ја подигнесвеста за почиста и поздрава животна средина и користење нови иновативни технологии, заемна соработка за користење ЕУ фондови, поддршка на инженерите претприемачи од страна на бизнис-ангели и ментори и за креирање зелен коридор со станици за полнење на електрични возила.

Во рамките на иницијативата „Тесла конвој 2014“ електричното возило “Тесла модел С” ќе помине пат долг 2.200 километри низ градовите во регионот за да ги промовира електричните возила и потребата од поставување станици за полнење на електрични возила.

Градот Скопје ја поддржува идејата за електромобилност. Во јули годинава Градот Скопје промовира 5 електромобили и 10 електровелосипеди на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ кои им се ставени на располагање на граѓаните.

Цената на билетот за електромобилите изнесува 50 денари по лице, за една тура за разгледување која во просек ќе трае 20 минути. На оваа рута се предвидени пет стојалишта: пред спомен обележјето Мајка Тереза, на плоштадот „Македонија“,Порта Македонија, пред споменикот Филип II Македонски и кај мостот „Око“.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ