(ФОТО) Врие на социјалните мрежи: Снимена кражба на точак сред бел ден!
Објавено во: Македонија 07 Април, 2015
Социјалните мрежи ги разбранува еден неетички настан.
Имено, деловен субјект објави фотографии приложени како доказ од нивната безбедносна камера, како што тврдат, случаен минувач им го украл велосипедот сред бел ден од пред дуќан.
На фотографиите убаво може да се забележи и ликот на личноста па ако го препознаете укажете му на грешката која ја направил!
„Денеска им се извинуваме на сите наши клиенти за доцнењето на ипораките. Сабајле ни се случи неубав настан кој многу не закочи. Можете да погледнете на сликите како ни го украдоа велосипедот од пред дуќан а и личноста...се надеваме ке наидеме на разбирање“, напишаа од „Per Te Street Restourant“ на нивната Фејсбук страна оштетените во случајот.