27 Септември, 2024
0.0272

(ФОТО) Вториот најголем парк никна во Аеродром

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камиловски и директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ официјално го пуштија новиот парк во општина Аеродром, крај булеварот „Февруарски поход“ на последната автобуска станица број 5.Pustanje vo upotreba na Nov park vo Aerodrom-Fevruarski pohod (1)

Станува збор за нов парк на површина од околу 100.000 квадратни метри, од која околу 90.000 квадратни метри ќе бидат зелени површини, со што ова е вториот најголем парк во Скопје, по Градскиот парк.

- Промовираме уште еден нов парк во кои жителите на овој дел од Аеродром ќе можат да го посетуваат и да го користат за одмор и рекреација. Во новиот парк се ископани 2 бунари од кои ќе се користи водата за полевање на сите зелени површини во паркот, поставена е нова хидрантска мрежа со 16.000 метри црева за наводнување, околу 270  прскалки и 70 хидранти. Во рамките на паркот се формирани трим патеки покриени со бела ризла во вкупна должина од 1.700 метри, околу кои се формирани 55 џебови за клупи за седење, корпи за отпадоци и друга урбана опрема. Со изградбата на овој парк продолжуваме да ја реализираме стратегијата на зазеленување на Скопје – рече градоначалникот Трајановски.

Pustanje vo upotreba na Nov park vo Aerodrom-Fevruarski pohod (2)

Градоначалникот на Општина Аеродром Коневски кажа дека изградбата на овој парк е уште еден доказ за одличната соработка помеѓу Општината и Градот Скопје.

- Во изградбата на овој парк Општина Аеродром се вклучи преку поставување  урбана опрема и осветлување. Во новиот парк поставени се околу 150 канделабри за чиешто поставување Општина Аеродром издвои околу 9 милиони денари. Тоа што навистина ме радува е трансформацијата на овој простор во овој прекрасен парк, кој до пред неколку години беше неуредена површина и депонија – кажа градоначалникот Коневски.

Во паркот има и содржини намените за децата, односно се направени 2 детски игралишта со реквизити од природни материјали. Едното игралиште е мултифункционално и може да се користи за кошарка и за фудбал, поставени се 4 кошови и 2 гола. Површината на ова игралиште е 1200 квадратни метри (40 х 30 метри), а на подлогата е нанесен асфалт.

Pustanje vo upotreba na Nov park vo Aerodrom-Fevruarski pohod (4)

По должината на паркот се поставени и 5 летниковци коишто ќе им овозможат на граѓаните да уживаат во него без разлика на временските услови и на годишните времиња.

Сукцесивно ќе се уредуваат и цветни површини во делови од паркот, а наесен ќе се засадат и садници.

На терен работеа екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“, а за реализација на овој проект од Буџетот на Градот се издвоени околу 44 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања