16 Декември, 2025
0.0739

(ФОТО) Заврши БАСКЕРФЕСТ во Скопје, авантурата продолжува низ Македонија

Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2014 13:33

Добивај вести на Viber

Вчеравечер Скопје со овации го испрати театарот под отворено небо, фестивалот БАСКЕРФЕСТ 2014. Од 6 до 15 јуни, градскиот плоштад „Македонија“ секојдневно беше исполнет со ведри и насмеани лица кои уживаа во перформансите на 150 артисти дојдени од целиот свет. За викенди пак кај Веро Центарот, најмладите уште од пладне се забавуваа со голем број аниматори, а вчера за нив имаше забава и во Зоолошката градина. Во вечерните часови, откако ќе се завршеше официјалниот дел на БАСКЕРФЕСТ, забавата продолжуваше во Пивница „Стар Град“ каде што секој од баскер изведувачите едвај чекаше да покаже што знае, а градската плажа „Парк“, БАСКЕРФЕСТ го затвори во саботата, со над 1500 посетители на првиот „Скопје Галактик Фестивал“. Наредната година е и јубилејна за единствениот уличен фестивал во Македонија, па од организацијата велат дека за десетгодишнината на БАСКЕРФЕСТ се подготвува нешто спектакуларно, бидејќи деновиве по 9-ти пат се докажа дека народот е жеден за ваков тип на забава, нешто што почесто треба да се случува во секој од градовите во нашата држава. Иако БАСКЕРФЕСТ заврши во Скопје, патувачкиот караван продолжува во уште неколку градови низ Македонија. На ред се- Неготино ( 18.06), Виница ( 19-20.06), Берово, Македонска Каменица, Прилеп (20-21.06), Крива Паланка, Пехчево, Тетово ( 21.06), Крушево (22.06), Дојран (27-30.06), Ресен (28.06), Охрид ( 28-29.06), Делчево (29.06) и Битола ( 29-30.06), додека пак за оние кои ќе решат својот викенд да го поминат на планина, дел од БАСКЕРФЕСТ магијата ќе има и во Банско, Бугарија( 27-29.06).

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив