Француски обичаи кои ги збунуваат туристите!
Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2014
Франција е дом на многу обичаи кои бројните туристи не ги разбираат или едноставно им изгледаат чудно, пишува Бизнис инсајдер.
Погледнете кои се тоа обичаи и навики на Французите ги збунуваат туристите, посебно оние од САД:
1. Французите не пијат се мраз ладно (млеко, вода, сокови...)
Французите речиси секогаш се одлучуваат за пијалоци чија температура е приближна на собната температура. Всушност, кога во кафе бар или ресторан во донесат вода, можеби ќе го збуните келнерот доколу му побарате лед.
2. Faire la bise
Дупли бакнеж на двата образи. Се бакнувате со секој што ќе го сретнете, но доколку бакнете некој на журка за да се поздравите бидејќи си заминувате, а притоа уште малку се задржите, тоа може да се смета крајно некултурно. Меѓутоа, овие бакнежи во последно време се резервирани воглавно за поздравување на жена, или жена и маж, но понекогаш се практикува и помеѓу мажќ од постарите генерации. Ова притоа со себе не носи никаква сексуална конотација, за жал на многу туристи од САД.
3. Ужасно возење
Во Франција ви е дозволено да возите како целосен манијак, а сите возачи не се сметаат за граѓани од втора класа наспроти оние лица кои ја преминуваат улицата наспроти пешачки премин или на црвено.
4. Хранење на децата со вкусна храна за возрасни
Француските родители не го уништуваат вкусот на децата за добри намирници пред тој самиот да се формира. Децата седат заедно со родителите и јадат иста храна како и тие.
5.Помагање на странци од социјална солидарност
Жителите на многу други земји, посебно САД, се плашат да им помогнат на сограѓаните и странците од страв дека тие од некоја причина би можеле да ги тужат доколу при пружањето на помош при повреда.
Во Париз, доколку видите лице со проблем, се смета културно и целосно нормално да му помогнете.
Доколку немате ситни пари да купите карта за метро, многу вообичаено е некој од минувачите едноставо да ви даде пари да ја купите
6. Пакување на сопствените намирници на каса
Доколку сте навиканти работниците во продавница да ви ги пакуваат намирниците во кеса, од тоа брзо ќе се одвикнете.
7. Зборување за политика во текот на вечерата
Жителите на многу земји се тргаат од незгодни теми при оброкот, но тоа не е случај со Французите кои едноставно сакаат интелектуални дебати.