16 Јануари, 2025
0.0346

(ГАЛЕРИЈА) Блокирана Партизанска: Се оддава почит на прерано загинатата Фросина

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

До редакцијата на Фактор во моментов стигна информација дека е блокирана Партизанска.

Всушност, најблиските другари и другарки и родителите на прерано згаснатиот живот на младата 19 годишна Фросина и оддаваат почит на местото на трагедијата.

Повикот беше упатен преку социјалните мрежи .

Присутните и оддадоа почит така што палеа свеќи, а пред тоа ја преминуваа улицата каде што настраданата почина.

Имено, точно пред еден месец кај Универзална беше прегазено девојчето од Крива Паланка дваесет годишната Фросина Ц, која во Скопје престојувала како студентка.

Да се потсетиме:

Според податоците на полицијата, несреќата се случила во 20.50 часот. Возачот на „Хондата“ Љ.Б. (26) најверојатно со голема брзина, според очевидци од 160 на час, удрил во Фросина која починала на местото на несреќата.

Возачот првично побегнал од местото на несреќата, но по дваесетина минути, односно во 21.10 часот, сам се пријавил во полициската станица во Ѓорче Петров каде што раскажал што се случило.

Возачот на Хондата и покрај тоа што избегал од местото на несреќата, по распитот во полициска станица беше  пуштен на слобода.

Според објаснувањето од истрагата, возачот не е задржан во притвор бидејќи таа мерка не е предвидена за вакво кривично дело. Исклучок има освен во ситуации ако возачот е странец или пак ако има сомневање дека може да избега.

Од она што можеше да се види тогаш, на местото на несреќата немаше траги од кочење, а девојката ја минувала Партизанска на обележан пешачки премин. На преминот има и семафор, а истрагата треба да утврди дали за возилата или за пешаците било вклучено зелено светло.

partizanska 2 partizanska 1 partizanska

На фејсбук страната  www.krivapalanka.info стои еден апел кој боде во очи ама и во срце...

„АПЕЛ ДО: Сите родители, деца, студенти, совесни граѓани на Р.Македонија. Со огромна болка за прерано почината Фросина Цековска од Крива Паланка, која на 03.04.2015 година трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди кај Универзалната сала. Фросина Цековска имаше само 19 години, бруцош на Електро-техничкиот факултет во Скопје. Девојче кое замина во големиот град за да ги оствари своите соништа. Сонуваше да стане инжинер, гордоста на нејзините родители. Но за жал, Фросе не успеа во тоа. Тоа што се случи тој ден навистина беше застрашувачко, на Партизански одреди не згасна еден живот, згаснаа илјадници. Поради невнимателноста и поради неодговорноста на некој друг ние ја изгубивме Фросе. Изгубивме девојче полно со живот и планови за во иднината. Поради секојдевните шпекулации кој е убиецот на Фросина, со разни имиња, разни сознанија ние го бараме нејзиниот вистински убиец. Едни велат бил син на еден, други велат на друг, едни кажуваат едно име, други кажуваат друго. Ние веќе не знаеме во чии зборови и во која вистина да веруваме, ние само го сакаме вистинскиот убиец на оваа девојче кое не заслужуваше ваков крај. Ја бараме правдата и се надеваме дека постои. Бараме овој човек да биде осуден и да си ја плати казната за делото кое го сторил. Не бараме финансиски надоместок, за ваква штета не постојат никакви средства кои ќе ја надополнат загубата. Ние ја бараме правдинина, сакаме убиецот на Фросина да си ја добие заслужената казна, но најпрвин го сакаме вистинскиот убиец. Сите го бараме оној кој на 3ти Април животот ни го смени, оној кој ни го зеде она највредното, она најмилото, она по кое ќе тагуваме цел живот. Кој и да си и чии да си, веруваме дека пред се постои нешто човечно во тебе. Возењето со 160, не е сообраќајна несреќа, тоа е убиство, а бегството после таков чин е кукавичност, не пружањето помош нечовечност. Ние го сакаме твоето вистинско име, го сакаме твоето вистинско лице. Ние сакаме да застанаме пред вистинскиот убиец на нашата ќерка, сестра, внука, другарка, девојка, колешка и сограѓанка. Дали те гризеше совеста кога продолжи да возиш, а знаеше дека на ладниот асвалт остави млад живот да лежи? Дали почувствува грижа на совест кога продолжи да возиш, а не застана да и помогнеш? Дали возењето со 160 те направи подобар човек или убиец? Доколку некогаш постоело нешто човечно во тебе веруваме дека ќе се појавиш на судењето и веруваме дека ќе го прифатиш делото кое го стори, ќе направиш барем нејзините родители да се чувствуваат помирни кога ќе знаат дека убиецот на нивното девојче ја доби неговата казна. Ние сме свесни дека ова не може да ни ја врати назад, но гневот кој го чувствуваме во нас ја бара казната за него. Ве молиме сите коишто сочувствувате со нејзиното семејство, со нејзините најблиски да го споделите ова. Да го најдеме вистинскиот убиец на нашата Фросе, чии живот прерано згасна на улиците на Партизански одреди кај Универзална сала. Ние како родители, како нејзина сестра и сите нејзините најблиски ја бараме вашата подршка за да не остане неказнето убиството на нашата најдрага. ВЕ МОЛИМЕ СИТЕ СПОДЕЛЕТЕ ЈА ОВАА СТАТИЈА, КАКО АПЕЛ ЗА СИТЕ СОВЕСНИ ГРАЃАНИ НА Р.МАКЕДОНИЈА, КОИ СОЧУВСТВУВААТ СО НАШАТА БОЛКА. ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ СЕКОЈ ОД ВАС ПОЕДИНЕЧНО ИЛИ ГРУПНО ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ ЗАЕДНО СО НАС ВО ПРОНАОЃАЊЕТО НА ВИСТИНСКИОТ УБИЕЦ НА ФРОСИНА. ОД: Нејзините родители, нејзината сестра и нејзините најблиски.“

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира