ГАЛЕРИЈА: Искорнати дрвја, блокирани патишта, прекин на електрична енергија во Скопје
Објавено во: Македонија 06 Август, 2016
Откорнати се дрва и поплавени улици, а делови од градот се без електрична енергија по невремето кое намали на интензитет но се уште трае.
Се почна околу 19 часот а според метеопро ова е најсилното невреме кое го погодило главниот град годинава.
Силни електрични празнења се забележани во периодот помеѓу 17 и 19 часот и достигна бројка околу 800 (за целото скопско подрачје).
Метеoролозите предупредуваат дека слично време, невреме може да се очекува и во наредните неколку дена.
Во моментов сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања.Најкритична е состојбата во Автокоманда кај хотелот Континентал, на Булеварот Србија, како и во делови на Кисела Вода и Водно.
ФОТО: ФАКТОР