Повеќе илјади луѓе се собраа вечерва во главниот град пред Собранието на мирен протест поради полициската бруталност, а Законодавниот дом го обезбедуваше полицискиот кордон.
Демонстрантите и денес во 18 часот излегоа пред Влада, каде не им беше дозволено да протестираат и да и се приближат на Владината зграда, оттаму се упатија кон МВР при што по пат ги поддржаа средношколците во кампувањето пред МОН и ги повикаа да им се придружат.
Но, и пред МВР, иста глетка. Полициски кордoни силно го бранат министерството.
Од таму демонстрантите се упатија пред зградата на премиерот Никола Груевски и на крај четврта и последна локација им беше Собранието.
Тие и денес ги повикаа надлежните да ја преземат одговорноста за прикривањето на убиството на Мартин Нешковски и кажаа „Стоп за полициската бруталност“.
Паралено, како што информиравме се протестираше и во други градови ширум земјава.
Ви пренесуваме дел од протестот низ фотографии.
„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново