(Галерија) Одбележан 2 април – денот на аутизмот во Капитол Мол
Објавено во: Македонија 03 Април, 2015
Меѓународниот ден на аутизмот 02 Април 2015 беше идбележан вчера во Капитол мол со почеток во 17:00 часот.
Настанот беше одржан во организација на здружението „Во мојот свет“ и оваа година покровител на настанот беше Неговата Екселенција Господинот Иван Петков, амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија.
Настанот се отвори со химната за аутизам „Во мојот свет“ во изведба на браќата Тавитјан, Ребека, Џафер и Лозано.
По химната свое обраќање имаше Господинот Иван Петков, а потоа обраќање на родител, претставник на родителите на лица со аутизам.
Настанот го збогатија: Златните Славејчиња, учениците од Златан Сремац, кореографско студио Еурека, групата Ангелчиња придружувани од виолина и пијано, кошаркарите од МЗТ Скопје и секако традиционална својата поддршка ја даде мото клубот Ноќни Волци.
Настанот заврши со сложување на сложувалката, симбол на лицата со аутизам и пуштање на балони заедно со членовите на Мото клубот Ноќни Волци и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија. Во знак за одбележување на овој ден стотици сини балони летнаа високо во облаците пред трговскиот центар Капитол мол.
[gallery ids="153500,153499,153503,153502,153498,153497,153495,153494,153493,153492,153491,153490,153489,153487,153488"]