ГАЛЕРИЈА: Омиленото скопско превозно средство, кој со кацига кој со гола глава!
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2016
Мотоциклот дефинитивно им е омилено превозно средство на Скопјани. Во летните горештини наместо со автомобил, многумина го одбираат моторот како средство за возење низ град.
Го возат и млади и стари, а од фотографиите кои ги направи редакцијата на Фактор може да се забележи дека не секој од управувачите на мотоцикли носат кацига на глава.
Законот предвидува најстрого носење на заштитна опрема во случајот кацига при управување со мотор, инаку „гола глава“ може да ве удри по џеб.