Добивај вести на Viber
ФОТО: ФАКТОР
Ако влезната врата е огледало на секој дом, тогаш главниот влез на Универзална сала е само одраз на сета неуредност и нехигиена во општина Центар.
Преполни канти, расфрлано ѓубре и неисчистени тротоари .... пеплосани зелени површини на сите страни пред Универзална сала во центарот на главниот град.
Ваква е сликата која не може а да не му падне во очи на секој минувач кој ќе помине оттаму.
„Очигледно службите на општината, во која градоначалник е Андеј Жерновски, не си ја вршат својата работа“, реагираат до нашиот портал читателите.
Но, и граѓаните треба да бидат совесни и да внимаават со отпадоците.
Но се поставува прашањето дали е во ред ваквата слика да ја има една општина? Што ќе си помислат прво на памет туристите кога ќе дојдат во Скопје? Вака ли ќе ги одржуваме општините и ќе градиме здрава и чиста околина?