ГАЛЕРИЈА: Паркот „Жена Борец“ се дотерува со над 300 илјади евра
Објавено во: Македонија 10 Август, 2016
Деновиве во тек е реконструкција на паркот „Жена Борец“ кај Градскиот трговски центар во главниот град.
Градските власти решија да го дотераат паркот со реконструкција на патеките. Паркот е опколен со ограда речиси неколку дена.
Граѓаните и граѓанските организации со критики со надлежните. Бараат градските власти да бидат транспарентни кога реконструираат нешто што е од јавен интерес.
Од граѓанската иницијатива “Го сакам ГТЦ“ реагираат дека ваквите активности во паркот може да го загрозат амбиентот, посочувајќи дека просторот од каде што почнува одновата на пешачката патека има симболика оти токму таму граѓаните со гушкање го штитеа ГТЦ од барокизацијата. Архитектите реагираат што за идејното решение за паркот не е запознанена ниту стручната јавност ниту граѓаните. Порачуваат при реконструкцијата да се внимава протсторот да го задржи препознатливиот амбиент.
Градот Скопје за партнерно уредување и осветлување на паркот „Жена борец“ ќе потроши околу 320 илјади евра, а градежните работи ќе ги врши компанијата „Урбан инвест “ од Кавадарци. Доцна вечерта на петти август просторот пред Градскиот трговски центар се огради со метални заштитни огради на кои немаше никаква информација што и кој гради, што пак кај граѓаните предизвика сомнеж дека почнуваат градежните работи за промена на фасадата на ГТЦ во барок. Веднаш потоа Градот Скопје излезе со соопштение дека станува збор за реконструкција на паркот.