Добивај вести на Viber
Илјадници граѓани вечерва масовно излегоа пред Влада.
Како што ви е познато спонтано, после денешните аудио снимки кои ги објави опозицијата и кои очигледно ја прелеаа чашата група граѓани излегоа на протест да ја бараат првадата .
Со свирежи и извици „Убијци, убијци“, „Нема правда, нема мир“, „Излези Никола“, „Оставки“, „Кај ви е началникот“ и „Дојдете со нас“ кон полицијата граѓаните и студентите кои дојдоа да им дадат поддршка полека го засилуваа протестот пред Влада.
Состојбата стана тензична кога родителите на убиеното момче Мартин Нешковски и неговиот брат ги скокнаа барикадите поставени пред Влада и влегоа во дворот, наидоа на отпор од полицијата која не можеше да им се спротивстави, па полека им се придружија и граѓаните.
Со огромен аплауз беше испратен единствениот херој - полицаец кој застана на страната на граѓаните и ги симна штитовите обезбедувајќи влез пред самата порта на Владата.
Половина од знамињата пред Влада во моментов се спуштени на половина копје, се слушаат денешните аудио снимки а граѓаните бараат оставки од Премиерот и од министерката Јанкулоска.
Бидејќи никој не се појави од надлежните , во знак на уште поголем револт граѓаните ја сефтосаа новата фасада на Владата. Со јајца и шишиња фрлаа кон прозорците и внатрешноста.
На протестот нема партиски обележја, а неколку учесници врзаа заедно македонско и албанско знаме и почнаа да ја пеат химната на Македонија.
И да не го заборавиме Борко, кучето без кое ниту еден протест досега не поминал.
Од час во час се повеќе се зголемува бројот на граѓаните кои доаѓаат пред Влада да им дадат поддршка на најблиските на Нешковски.