(ГАЛЕРИЈА) СКОПЈАНИ ЖЕДНИ: Еве како се троши водата во главниот град…
Објавено во: Македонија 18 Август, 2016
Тропските денови ја зголемија потрошувачката на вода во градот. Еден граѓанин дневно во просек троши од 300 до 600 литри вода, во зависност од тоа дали е градско или рурално подрачје. Дневниот просек на потрошувачката изнесува околу 270 илјади кубни метри, но во овој период таа е зголемена на околу 300 илјади кубни метри на ниво на градот. Ова го покажуваат податоците од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, од каде што велат дека во последниот период е регистрирано зголемување на дневната потрошувачка на вода за 10-15 отсто во однос на просечната потрошувачка во годината.
A како жителите на метрополата ја трошат водата погледнете сами: