ГАЛЕРИЈА: СОЛЗИ, БОЛКА В ГРАДИ, ГНЕВ-Сингелиќ и Стајковци се опоравуваат од поплавите
Објавено во: Македонија 10 Август, 2016
Кал, урнатини, уништени домови, покуќнина и дворови. Болка в гради и грутки в грло и во четрвтиот ден по невремето.
Вака може да се долови ситуацијата во Сингелиќ и Стајковци во моментов. За неколку час, водата удави и однесе се што стекнале во животот. Се, за што живееле, работеле , се мачеле ... Немилосрдниот дожд им ги зема покривите над глава...
Со солзи во очи, мештаните на погодените подрачја се обидуваат да спасат што можат од разурнатите домови.
Не е потребно многу да кажуваме, фотографиите кажуваат сами се!
ФОТО: ФАКТОР