(ГАЛЕРИЈА) Средношколците ги положија униформите пред МОН
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2015
Продолжува бојкотот на наставата во средните училишта.
Стотици средношколци и родители кои им дадоа безрезерва поддршка излегоа денес пред МОН и ги положија униформите на оградата.
Со свирежи и скандирања: „Сека ќе не слушнете“, „Доста беше молк“, „Вас да ве тестираме“, средношколците во вреќи за ѓубре ги оставија униформите пред МОН.
Родителите велат дека на нивните деца им ја даваат целата поддршка безусловна и стојат позади нив во секој момент, а ги повикаа надлежните да имаат слух и да ги решат проблемите кои сами си ги наметнале.
Не престануваат и потписите за поддршка , а досега околу 10 илјади граѓани се потпишаа на петицијата за поддршка за средношколците.
Помина еден месец како средношколците ја бојкотираат и две недели како кампуваат пред МОН.
Тие бараат матурскиот испит да се полага по стариот концепт и да се укине екстерното тестирање. Владата им го прифати само првото барање.