16 Декември, 2025
0.0497

Гери Хант им се врати на победите со рекорд во Данска

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2016 16:04

Добивај вести на Viber

Петкратниот светски првак Гери Хант повторно ја откри сопствената победничка форма и покрај ветровитите временски услови во Копенхаген. Бранителот на титулата не беше на подиумот во последните две натпреварувања, што се протега до ланската сезона, но овој пат ја одушеви данската публика и стигна до рекорден збир на поени за четирите скока кои ги направи пред околу 40 илјади луѓе во данската престолнина. Полскиот скокач Крис Коланус го направи изненадувањето на викендот, настапувајќи со „вајлд карта“, при што успеа да врзе неколку скока од 28-метри високата платформа, по што „слета“ на подиумот и го освои второто место, што е негов најдобар личен резултат. Мексиканецот Џонатан Паредес по триумфот во Тексас дојде до уште еден „топ 3“ финиш и го зачува водството во генералниот поредок.

Пред натпреварот целта на 26-годишниот Паредес беше да остане водечки со што си наметна притисок за перфектна егзекуција на неговите испробани скокови во кои има доверба. На крилјата на самодовербата од неодамнешната победа, новиот господар на стилот уште еднаш ја исполни сопствената цел, па беше скокач кој доби најмногу „десетки“ од судиите во натпреварот. Поради ваквиот перфекционизам Паредес остана пред Хант по две натпреварувања од вкупно девет во 2016 година, иако скоковите на Британецот имаа комплексност.

- Се разбира дека сум среќен. Одиграв тактички овој пат, во незадолжителната програма направив разлика и тоа ми успеа. Условите беа тешки, беше ладно. Но, тоа е дел од спортот, мора да си подготвен за секакво време. Јас сум Англичанец и навикнат сум на студеното време, изјави Хант.

За Хант ова е 26 победа во 52 настапи, а беше освоена со рекорден број поени за четирите скока, што го носи спортот во нови височини – 550,30 поени! Британецот не мораше да ги изведе најтшките скокови од својот репертоар, но затоа пак го изведе препознатливиот за него скок со тројно салто на назад со четири вртења, по што стигна до втор триумф во Данска по оној забележан во 2015 година.

Брзината на ветерот во одредени моменти изнесуваше 55 километри на час и ги разбранува водите, но скокачите останаа присебни на 28-метри високата платформа поставена на покривот од зградата на славната зграда на операта во Копенхаген. Токму Крис Коланус кој во Тексас беше десетти, успеа да ја усоврши својата техника и да го направи вториот најдобар резултат на денот. За Полјакот ова е втор финиш на подиумот, но овој пат влегува во историјата како втор скокач кому тоа му пошло од рака да го оствари влегувајќи во натпреварувањето со „вајлд карта“. На овој начин тој изби на четвртото место во генералниот пласман, пред прославениот олимписки скокач Блејк Олдриџ на петто место, како и легендата на спортот, Орландо Дуке од Колумбија на седмото место.

Од најсеверната точка на урбаните метрополи, елитата на скокачите од карпи се враќа на својата исконска локација, на вуланските Азорски острови во Португалија. Третиот настан за оваа сезона ќе се случува на 9 јули, а на него повторно ќе настапат и учесничките во женска конкуренција.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив