26 Октомври, 2024
6.9127

ГО БЛОКИРАЛ ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИТЕ: Левица поднесе кривична пријава против Гаши

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Левица поднесе кривична пријава против собранискиот спикер,  Африм Гаши поради блокадата на Законот за бранителите.

Пратеникот Сашо Јанчев денеска изјави дека измените на овој закон останаа заглавени во собраниската процедура затоа што спикерот не го почитува Деловникот.

„Претседателот на матичната комисија реши да не свикува седница за законот за бранителите, односно реши да го блокира Законот. Во ваква ситуација, кога претседател на комисија решава да не свикува седница по одреден закон, должност и надлежност на Претседателот на Собранието е да ја одблокира законската постапка, односно – согласно член 126, став 3 од Деловникот: ,,Претседателот на Собранието е тој којшто треба да ја свика Комисијата и да назначи член којшто ќе ја води седницата на таа комисија”. Но, претседателот на Собранието, Африм Гаши, уште пред месец дена, на 16 септември, изјави за медиумите дека тој нема намера да го одблокира Законот за бранителите, дека нема намера да свикува седница на надлежната комисија и до ден денешен таква седница не е свикана“, изјави Јанчев.

Со ваквата постапка, рече дека,  спикерот Гаши не си ја исполнува својата деловничка обврска и несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности.

Дел од политичарите Албанци тврдеа дека тој закон не е приоритет и дека не е добар за процесите во државата. 

Од СДСМ од чии редови е поднесено ова законско решение велат дека не се откажуваат од носењето на законот и најавуваат дека во следните денови ќе излезат со информација кои чекори ќе ги преземат.

Од ВМРО-ДПМНЕ додека не ја видат, нема да ја коментираат кривичната пријава. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен