17 Декември, 2025
0.0526

Го претепале оти пријавил кражба

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2018 08:31

Добивај вести на Viber

Непознати  лица го претепале 70 годишниот Јосе Петров од струмичко Градашорци оти пријавил дрвокрадство во атарот на селото Варварица  каде чува пчели.  Тој се здобил со повреди по лицето и телото. Тврди дека останал жив благодарение на пријателите  со кои ја чекал шумската и цивилната полиција да ги фатат крадците на дело кои вршеле нелегална сеча во семејната корија.

„Еден од нив од задната страна ме удри со дрво по главата и јас паднав на земјата. Едвај ги отргнаа напаѓачите едвај преживеав. Ме нападнаа затоа што сум пријавил дрвокрадство во шумската и цивилната полиција“, вели Јосе Петров– пчелар во Варварица, за 24вести.

 Тој сега се плаши да отиде на пчеларникот.

„Во Варварица има многу кражба, а овластените лица не можат да ги запрат. Сега се плашам да отидам кај пчеларниците“, вели Јосе Петров – пчелар во Варварица

Инцидентот  Петров го  пријавил кај надлежните  откако му биле санирани повредите во болницата. Од полиcијата велат дека работат на целосно расветлување на случајот . По земените изјави на оштетниот откриен е идентитетот на насилниците и против нив ќе се поднесат пријави за физички напад.


Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка