15 Мај, 2024
0.0272

GO4 HOME – уникатен пакет на станбен кредит со животно осигурување и осигурување од други ризици

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Денес во рамките на Саемот на градежништво под мотото „Уживајте во Вашиот нов дом“ Шпаркасе Банка Македонија, градежната компанија Настел, Винер Лајф Осигурување и Винер Осигурување го претставија најновиот пакет за станбено решение - GO4 Home.

Шпаркасе Банка Македонија во соработка со градежната компанија Настел и своите стратешки партнери во областа на осигурувањето, Винер Осигурување и Винер Лајф,  под платформата GO4 воведе уште една уникатна финансиска понуда за станбен кредит и полиса за животно осигурување и осигурување од други ризици. Пакетот GO4 Home содржи станбен кредит со фиксна каматна стапка од 2,9% за првите три години во комбинација со животно осигурување, полиса за осигурување на станот, како и дополнителни понуди на банката, кои вклучуваат кредитна картичка и дозволено пречекорување на трансакциската сметка на клиентот.

Современиот банкарски пристап во креирање финансиски понуди согласно со потребите и очекувањата на клиентите е она што ја прави нашата банка препознатлива и поинаква од другите на пазарот. Наша цел е клиентите да бидат нашето семејство и покрај добивањето на банкарската услуга да се стекнуваат со додадени вредности преку животното осигурување и осигурување од други ризици. Во рамките на долгогодишната соработката со градежната компанија Настел и со нашите стратешки партнери во областа на осигурувањето – Винер Осигурување и Винер Лајф, креиравме уште еден уникатен пакет за станбен кредит под платформата GO4. Водени од мотивот да креираме финансиската понуда што ќе им овозможи на клиентите најповолен начин за реализација на плановите за свој нов дом, направивме комбинација што вклучува квалитетна понуда на градба од реномираната градежна компанија, поддржана со најповолни услови за финансирање и осигурување на сопствениците во новиот објект на Настел“ – изјави г. Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор во Шпаркасе Банка Македонија.

Купувањето стан е голема инвестиција, која треба да ја задржи или да ја зголеми вредноста на вложувањето. Затоа за купувачите при донесување ваква животна одлука, важни се, пред сè, квалитетот на градбата, функционалноста и организацијата на просторот, локацијата, стабилноста на компанијата од која купуваат, сигурноста, условите за кредитирање и секако цената. Во соработка со долгогодишниот партнер Шпаркасе Банка, и како одлично дополнување Винер Осигурување и Винер Лајф за безбедна иднина на нашите клиенти, го креиравме пакетот GO4 Home, коj ги опфаќа сите значајни аспекти при купување стан за новиот комплекс Настел Тафталиџе по цена и услови што се достапни за сите оние пред кои претстои ваква важна одлука“ – изјави г. Зоран Азманов, претставник на градежната компанија Настел.

„Новиот пакет GO4 Home е логично продолжување на заложбите на нашите компании да обезбедат реална можност за граѓаните да ги остварат своите најважни и најкрупни животни планови. Винер Осигурување е секогаш тука, во тој процес да обезбеди максимална безбедност и сигурна иднина за сите корисници на пакетот GO4 Home, елиминирајќи ги сите непредвидени ситуации и трошоци што може да настанат“ – изјави Александар Николовски, директор за прием во осигурување и реосигурување во Винер – Виена Иншуренс Груп.

„GO4 Home претставува надополнување на широката палета производи што Винер Лајф им ја нуди на граѓаните. Со овој пакет успеавме досегашната успешна соработка со Шпаркасе Банка да ја подигнеме на уште повисоко ниво. Соработката помеѓу Шпаркасе Банка, Настел, Винер Лајф и Винер Осигурување придонесе во креирањето на уникатен производ со повеќе бенефити за клиентите што ги реализираат плановите за свој дом. Со GO4 Home покрај поволните услови за кредитирање, се обезбедува и заштита на клиентот и на неговото семејство, нудејќи животно осигурување за целото времетраење на кредитот, но без потреба за уплата на премија за животно осигурување во последните две години. Успеавме со нашите партнери, на пазарот да презентираме уште еден one stop shop производ, со што ја потенцираме нашата посветеност кон клиентите и императивот за нивно брзо и квалитетно услужување“ – изјави Дарко Дедиќ, претседател на Управниот одбор на Винер Лајф.

Можеби ќе ве интересира

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија