16 Декември, 2025
0.0623

„Golden Drum“ и Македонски Телеком ги повикуваат младите креативци за учество на натпревар

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2014 14:27

Добивај вести на Viber

Во пресрет на еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали во регионот „Golden Drum“ (7-10 октомври, 2014 година Порторож, Словенија) со поддршка и партнерство на Македонски Телеком за првпат во Македонија се организира натпревар „Young Drummers“ на кој се покануваат сите млади креативци (родени после 10 Октомври 1984 година) да земат учество преку креирање постер-решение на тема: “Стоп за пишување на мобилен додека возите”. Конкурост ќе биде отворен од 15 до 29 септември, а прогласувањето на победникот е предвидено да се случи на 1 октомври 2014 година. Авторот на првонаградениот постер ќе добие платен авионски превоз до Порторож, хотелско сместување и целосна котизација за овој реномиран фестивал. Како општествено одговорна компанија Македонски Телеком се почувствува засегната кога е во прашање темата безбедност во сообраќајот, која честопати знае да биде загрозена од несоодветното користење на мобилните уреди и сервисите кои ги нуди, па затоа преку овој натпревар целта е да се подигне свесноста, пред сè, кај помладата популација за опасностите кои демнат доколку се користат мобилните уреди додека се управува со воланот. Употребата на мобилните телефони додека возиме е проблем кој се повеќе расте и претставува голема опасност. Според светските истражувања 23% од сообраќајните незгоди се поврзани со употреба на мобилен телефон. Кога пишувате, погледот од патот е пренасочен кон екранот просечно за 4,6 секунди, времето за реакција е 30% подолгo во споредба со брзината на реакција која ќе ви биде потребна доколку возите со интоксикација од 0,8 промили алкохол во крвта.  Имајќи предвид дека мобилниот телефон е секогаш со нас неговата употреба во автомобилот станува нешто многу поопасно и од алкохолот. Сите заинтересирани млади креативци кои сакаат да ги споделат своите идеи и креативни размислувања на зададената тема можат да добијат повеќе информации за правилата за учество во натпреварот на следниот линк http://www.goldendrum.com/competition/off-drum/don-t-type-drive-macedonia/

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив