23 Јануари, 2025
0.0873

Голем интерес кај земјоделците за новото индексирано осигурување

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

На синоќешната трибина одржана во Младо Нагоричане, земјоделците од Кумановскиот регион покажаа голем интерес за новото индексирано осигурување на остварени приноси од посеви, кое од средината на овој месец, благодарение на Европа Ре, за првпат стана достапно на домашниот пазар. Партнер на Европа Ре во организирање на трибините  е Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство.
„Со одржувањето на овие трибини сакаме преку дијалог со земјоделците, непосредно да ги запознаеме со начинот на функционирање и придобивките од новиот производ наменет за осигурување на земјоделските посеви од штети кои можат да ги предизвикаат разни временски непогоди, како што се сушата, прекумерните врнежи, градот и друго. Судејќи по интересот од присутните на овие презентации, нашите очекувања се дека ќе расте бројот на земјоделци кои ќе ги осигураат своите посеви од последиците на климатските промени кои се повеќе ќе го погодуваат токму земјоделското производство, со што ќе го заштитат својот бизнис, а преку тоа и својот животен стандард, изјави раководителка на претставништвото на Европа Ре во Република Македонија Надица Јовановска Бошковска.
На присутните земјоделци на трибината меѓудругото им беше објаснета и клучната, уникатна новина која се воведува со индексирано осигурување која се состои од тоа дека евентуалните загуби предизвикани од временски непогоди се мерат во однос на индексот, односно просечниот принос на ниво на општина, за секоја поединечна земјоделска култура. На ваков начин, осигурените земјоделци добиваат надоместок на штета доколку остварениот просечен принос на ниво на цела општина е помал од претходно договореното ниво на покритие на осигурениот принос. Преку ваквиот пристап сите земјоделци на ниво на една општина се третираат подеднакво, а исплатите на отштетните побарувања ќе се вршат автоматски, наместо како досега со примена на теренска проценка на штети и загуби на поединечни парцели, со што дополнително се поедноставува целиот процес и значително се добива на брзина при исплатата на штетите. Новото индексирано осигурување стартуваше со полиси за осигурување на приносите на есенската пченица и јачменот, а наскоро на земјоделците ќе им биде понудено и осигурување на пролетната пченка и винското грозје. Полисите се продаваат преку домашни друштвата за осигурување кои ќе бидат акредитирани од страна на Европа Ре. Прво такво осигурително друштво за продажба на овие полиси е Албсиг Македонија, чии претставници беа исто така присутни на сите досегашни трибини, вклучувајќи ја и оваа во кумановско. И за новиот осигурителен производ во земјоделството Владата на Република Македонија обезбедува субвенционирање до 60% од трошокот за осигурителните полиси. Покрај во кумановско, новиот осигурителен производ беше претставен и пред земјоделците во Пелагонискиот регион. Следната трибина ќе биде со одгледувачите на јачмен и пченица од светиниколско.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ