Добивај вести на Viber
Градот Скопје ќе се задолжи со кредит во висина од 361.000 евра од Светска банка. Во Предлог одлуката за задолжување, се посочува дека парите од кредитот ќе се искористат за подобрување на општинските услуги. Поточно со парите од заемот Градот во соработка со ЈП Пракови и зеленило, планира да купи машина за пресадување на дрјва и трактор со приклучоци за оддржување на крошни и ниски треви. Долгорочното домашно задолжување ќе се реализира со потпишување на договор за под-заем со Министерството за финансии.
-Машината за пресадување на дрвја ќе служи за пресадување на дрвја во урбаните средини, односно ќе овозможи дрвјата кои при спроведување на редовните инфраструктурни активности треба да бидат одстранети да се пренесат на друга локација. Во моментов градот не поседува машина за пресадување на дрвјата во урбаните средини.Пресадување е вообичаен и добро прифатен метод за пренесување на повеќегодишни дрвја од една точка на друга. Со оваа oдлука се уредува долгорочно домашно задолжување на Град Скопје, кое ќе се оствари преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, а со цел финансирање на набавка на специјални возила за пресадување на дрвја и уредување на јавни површини,
се посочува во образложението на Град Скопје.
Според условите, рокот на отплата на кредитот е 6 години со греј период од една година, односно заемот треба да се ислплати најдоцна до 15-ти февруари 2022, а каматната стапка е шест месечен ЛИБОР за евро валута со вaријабилен распон.
Според образложението на Градот, со набавката на оваа опрема ќе се намали загубата на дрвниот фонд поради инфраструктурна или друг вид на изградба,но ќе се создавање и слободен простор за изведба на нови градби, создавање на готови-израснати уредени површини во кус рок, уредување на зеленило.
За предлог одлуката советниците од Градот Скопје ќе дикутираат на закажаната седница за селдната недела.