15 Јануари, 2025
0.0320

ГРАДСКА КАСА: Колку се собрало, а колку се потрошило во првото полугодие?

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Во првите шест месеци од годинава во вкупниот буџет на Град Скопје се слеале  2.526.270.909 денари  (41.077.575 евра), што во проценти остварувањето на вкупните приходи во однос на планот за оваа година изнесува 42 отсто. Според податоците значително остварување во однос на планираното има во буџетот на дотации (50%) и во основниот буџет (43%). budjet Во однос на расходите, во првите шест месеци од годинава од градската каса се потрошиле 1.818.968.295 денари (29.576.720 евра). budjet1 Најмногу пари од такси, надоместоци, дозволи за дејности Во Основниот буџет од планираните расходи за цела година во висина од 3.999.000.000 денари,(65.024.390 милиони евра) во првите шест месеци се потрошени 1.064.230.135 денари (17.304.555 милиони евра), а остварени се приходи од  1.725.158.872 денари(28.051.363 милиони евра). Споредено се истиот период лани расходите од основниот буџет годинава бележат пораст за 3 отсто. -Во првите шест месеци од 2015 година приходите во основниот буџет бележат зголемена динамика на остварување и во споредба со истиот период од минатата 2014 година  се поголеми за 63%. Најзначително зголемување е остварено кај неданочните приходи (остварен прилив за закуп на автобуската станица Скопје),  приходите од продажба на земјиште и нематеријални вложувања, трансфери од други нивоа на власт и кај даноците на имот. Расходите во основниот буџет за периодот од 01.01 – 30.06.2015 година, се извршени во износ од 1,1 милијарди денари, односно нивното процентуално остварување изнесува 27%. Споредено со истиот период од минатата година, извршувањето на расходите во основниот буџет оваа година бележи пораст од 3%  Во структурата на извршените расходи во основниот буџет учеството на тековно оперативните расходи изнесува 65,2%, додека пак учеството на капиталните расходи изнесува 34,8%, стои во образложението на Град Скопје. Најмногу пари во основниот буџет во износ од околу 9,1 милиони евра се слеале по основ на даноци на специфични услуги , такси за користење или дозволи за вршење дејност.Од  такси и надоместоци во градската каса се собрале околу 4,7 милиони евра што е повеќе од вкупно планираните приходи по овој основ за цела година во износ од скоро 4,2 милиони евра. Нешто повеќе од 5,2 милиони евра се приходи по основ на данок на имот, а од глоби, судски и административни такси во основниот буџет се слеале 96.592 евра.Во делот на расходите во основниот буџет, повеќе пари во однос на истиот период лани, годинава се потрошиле за оперативните расходи односно плати, транспорт, субвенции за јавни претпријатија, патни расходи. budjet2 Планираните вкупни капитални расходи за годинава се во износ од 37.141.756 евра, а закллучно со јуни годинава реализацијата е во износ од 6.025.014 евра. Во ставката капитални расходи, во првите шест месеци од годинава во споредба со истиот период лани се поторшиле потрошиле повеќе пари за опрема и машини, градежни објекти нови возила. budjet3 Во првото полугодие изостана, но сега Градот одобри 3 милиони евра за Градската куќа Во првите шест месеци од годинава не се потрошени ниту денар за долгонајавуваните проекти Луна Парк и Трамвај. Дали овие проекти поради досегашните неуспешни обиди за давање под концесија, воопшто ќе се реализираат, засега е непознато. Во првото полугодие од годинава не биле издвоени пари за Градската куќа, но вчера беше објавено дека Градот Скопје ќе потроши 3.165.000 евра за доградба на Градската куќа под Кале, која почна да се гради во 2011, иако зградата е далеку од финалниот изглед. Кога објектот почна да се гради, беше најавено дека ќе чини 14,6 милиони и за изградбата беше ангажирана градежната компанија Бетон Скопје. Сепак, за доградба на куќата Град Скопје одлучил дека се потребни дополнителни 3 милиони евра. За изградбата пак, склучиле договор со фирмата изведувач, без објавување на оглас. Во првите шест месеци не се издвоени пари за реконструкција на деловни објекти на Град Скопје,  проекти за изградба на улици и одржување, изградба на крстосницата на Јужен булевар, реконструкција на автобуски стојалишта и улици, изградба на атмосферски канализации во некои делови од градот, изградба и реконструкција на дел од поголемите булевари и улици. И овие проекти кои се ставени во планот на градот, допрва ќе се финансираат од градската каса. Т.С

Можеби ќе ве интересира

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....