Добивај вести на Viber
Градскиот штаб за заштита и спасување ги продолжува е се уште активно и спремен да реагира за потребите на граѓаните, со тоа што се следи состојбата на терен и се направени планови за мобилизација доколку е потребно. Сите екипи на градските јавни претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се на готовс, соопшти Град Скопје.
Во сите пунктови на јавните претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита е зголемен број на екипи со 24 часа дежурства и се подготвени за интервенција. Покрај нив, Градскиот штаб за заштита и спасување ги координира и активностите на општинските кризни штабови кои се мобилизирани.
Во текот на овој период Градскиот штаб за заштита и спасување реализира повеќе интервенции, од кои најголемиот број на Бригадата за противпожарна заштита на запалени електромотори на лифтовите во зградите, кои се запалиле поради краток спој предизвикан од земјотресите.
Паралелно со нив, поголем број екипи, предводени од стручните лица од ИЗИИС, од вчеравечер се на терен и работат на евиденција на оштетувањето на објектите кои се од приоритетно јавно значење, како што се училиштата, градинките, болниците и станбените објекти за домување. До овој момент поминати се над 40 објекти.
Градскиот штаб за заштита и спасување и во наредниот период ќе остане во состојба на целосна мобилизација и внимателно ќе ја следи состојбата на терен.