Добивај вести на Viber
Околу 5000 семејства на подрачјето во Скопје претрпеа штета во невремето кое минатиот викенд го погоди главниот град и околината.
Државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари вели дека екипи се на терен и дека ја проценуваат штетата, а најави и дека луѓето „ќе бидат обештетени на време“.
„Уште не може да се каже колкава е штетата, но извесно е дека ќе влијае на земјоделието“, рече Јашари. Тој додаде дека причина за тоа што големото невреме направи штетат не се одводните канали кои редовно се чистеле. Јашари истакнува дека на отстранување на настраданата стока, како би се спречило ширење на заразата, од вчера работат седум екипи на Министерството за земјоделие и четири од Агенцијата за храна и ветерина.
За во четврток попладне и петок повторно е најавено невреме со силен дожд, грмотивици и силен ветер, предупредија денеска од УМХР.
Тие два дена според најавите ќе бидат под влијание на влажна и студена воздушна маса од северот која ќе предизвика силен дожд, грмотевици, силни електрични празнења и силен ветар.
Во петок преку ден ќе дува засилен ветер, кој на некои места ќе достигне брзина и преку 90 км на час, а ќе дојде и до значаен пад на температурите.
Но имајќи предвид дека токму надлежните од УХРМ не ги предупредија граѓаните за силното невреме од саботата, ништо не е сигурно.
Битката со последиците од опустошувачките поплави во Македонија продолжува.
Во водената стихија загинаа 22 лица. С етрага по уште.
Во периферијата на Скопје сеуште има поплавени куќи, а многу други се потонати во кал.