Добивај вести на Viber
ЈП Водовод на граѓаните од поплавените подрачја кои претрпеа огромни штети нема да им ги наплати сметките за август, септември и октомври иако тие ќе им бидат испорачани како фактури.
„Управниот Одбор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, донесе Одлука со која е уредено ослободувањето на корисниците од плаќање за потрошена вода од кризните региони, зафатени од поплавата од 06.08.2016 година. Одлуката има согласност и од Советот на град Скопје и е дел од пакетот на итни мерки на Владата“, се вели во соопштението.
Инаку од понеделник ќе започне распределбата на
собраните пари од донации кои одеа преку Црвениот крст од каде очекуваат дека околу 4.500 семејства ќе добијат до 200 евра парична помош. Парите ќе се делат линеарно. До понеделник на сметката се очекува да има околу 1 милион денари.