ГРАНИЦИТЕ ВО ГУЖВА: Македонците ќе ја празнуваат „Богородица“ во Грција …
Објавено во: Македонија 26 Август, 2016
Од синоќа е забележан зголемен интензитет на граничните премини, а слична е ситуацијата и утринава.
На граничните премини кон Грција има задржување околу половина час. Најверојатно многумина решиле да го поврзат празникот, и покрај тоа што понеделник е работен ден , и последените денови од август решија да ги искористат на плажите кај нашиот јужен сосед.
На останатите патни правци сообраќајот се одвива по суви коловози.
Препораки до возачите да ја почитуваат патната сигнализација, внимателно возење, прилагодена брзина на движење.