Грк пронајден мртов во Битола
Грчки државјанин синоќа е пронајден мртов во Битола на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“.
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2016
Во кругот на хотел „Епинал“ во Битола, на паркингот покрај „хонда“, синоќа во 20.15 часот е пронајден мртов грчкиот државјанин В.Б.К. на возраст од 77 години.
МВР информира дека увид на лице место извршила екипа од СВР-Битола.
По наредба на ЈО, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.