16 Јануари, 2025
0.0596

Груб обид на МОН да го задуши револтот кај средношколците, ние го имаме нашето „ЈАС“!

Објавено во: Македонија 08 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Средношколскиот Пленум најостро го осудува новиот чекор на Министерството за образование и наука (МОН) со кој преку класните раководители се бара согласност од родителите за стапувањето во бојкот, со цел да се изврши задушување на средношколскиот револт.  

Средношколскиот Пленум новата одлука на МОН со која се бара согласност од родителите ја смета за груб притисок врз средношколците, и бојкотот воопшто.

„Ова, го оценуваме како злоупотребата на моќта на министерството во насока на дејствија против средношколскиот револт кој лошите реформи и ресорното министерство сè повеќе го потпалуваат“, велат од оваа организација.

Пленумот напоменува дека ваквите обиди за амортизација на нивната битка, својата неуспешност ја покажуваат на дело.

„Прашање е, само како министерството се „коцка“ со средношколците и образованието, кога иднината е кај нас? Зарем ќе се загрози и образованието, најефтиниот пат до успехот?

По негативната кампања и некои професори, преку „викендашката“ Унија, министерството својата неуспешност ќе ја „теши“ во притисоци кон родители. Со ваквите обиди, МОН само ја покажува својата положба, иако во јавноста убедува за спротивното. Барањата на Пленумот се исклучително важни за подобрување на образовниот систем (и на државата, воопшто), нешто за кое и самото министерство е повеќе од свесно. Но, не секој може да го каже тоа.

Но важно е! Ние, можеме! Ние го имаме нашето „ЈАС“. И можеме гласно да кажеме, „СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“!“, велат тие.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира