ГРУЕВСКИ СО НИЗА ПРОЕКТИ:3% од добивката на обложувалниците ќе оди во спортот
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016
Лидерот на владеачката партија денеска презентираше низа проекти од државата за спортот.
Имено , екс премиерот ветува зголемена поддршка на државата за спортските федерации чии диспциплини се олимписки, како и зголемена поддршка на олимпискиот комитет, е првата од четирите мерки од областа на спортот.
За таа намена приредувачите на игри на среќа во обложувалници, на месечна основа, за финансирање на спортот ќе издвојуваат 3% од добивката, а приредувачите на игри на среќа во автомат клуб, исто така на месечна основа, за финансирање на спортот ќе издвојуваат 1.5% од добивката. Овие средства добиени од обложувалниците и автомат клубовите ќе одат за развој на спортот, односно за спортските федерации и МОК. Приматели ќе бидат само федерациите на олимписките спортови, и македонскиот олимпискиот комитет. Сумата која се очекува по овој основ да се добие е околу 1.5 милиони евра директно за оваа намена.
Во моментот олимписки спортови од федерации кои постојат и се со решение дејност спорт од Агенција за млади и спорт, се вкупно 25. Правилата за употреба на овие средства би важеле и за сите средства кои федерациите ги добиваат од државата. За таа цел ќе се пристапи кон носење на законски измени кои ќе влезат во собраниска процедура по претходна јавна расправа, потенцираше Груевски и ги презентираше чекорите кои ќе се превземат за реализација на овој проект.