ГРУПАТА НА ПАЛЕВСКИ ИМАЛА МНОГУ ПОГОЛЕМИ ПЛАНОВИ И ЛИСТА ЗА ЛИКВИДАЦИИ: Ременски ги откри нејзините неофицијални информации
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2023
Професорката
Фросина ременски за Гласот на Америка ги откри нејзините, како што вели“
неофицијални информации поврзани со дејствувањето на групата на Палчо. Цени
дека истрагата треба да се прошири поради сериозноста на информациите со кои
располага.
-Нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало многу порано да се реагира. Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации. Постоеле списоци за изнуди. Постоеле списоци за заплашување, списоци за киднапирања, што значи дека ова е предизвик за истражните органи. Предизвик за полицијата, за безбедносните служби. Да ги осуетат плановите и да ги претстават во јавноста и тоа да им биде дополнителна одговорност во целиот овој случај, вели Ременски за Гласот на Америка.
ФОТО: ФБ