17 Декември, 2025
0.0509

Групацијата Триглав со подобар кредитен рејтинг

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2016 17:10

Добивај вести на Viber

На 1-ви јули 2016-та година Агенцијата за оценување на бонитет S&P Global Ratings (во продолжение S&PGR) го подигна долгорочниот кредитен рејтинг, како и рејтингот за финансиска моќ на Заваровалница Триглав и на нејзината подружница Позаваровалница Триглав РЕ, а со тоа и на Групација Триглав од А- на А. Обете бонитетни оценки имаат стабилна среднорочна прогноза.

S&PGR го подобри профилот на деловен ризик на Групацијата Триглав и го процени како силен првенствено како резултат на подобрените услови на словенечкиот осигурителен пазар, коишто пак се должат на намалениот ризик на земјата. Благодарение на инвестициското портфолио на групацијата и особено поради неговата диверсификација, на профилот на финансиски ризик на групацијата му беше доделен повисок рејтинг и истиот беше оценет како исклучително силен. Дополнително, во својот извештај S&PGR нагласи дека групацијата има обезбедено сеопфатна реосигурителна заштита.

Кредитниот рејтинг „A“ го рефлектира единствено самостојниот кредитен профил на Групацијата Триглав и не е последица од статусот на осигурителот како ентитет поврзан со државата. Воедно S&PGR нагласи дека Групацијата успешно го поминува хипотетичкиот тест на изложеност на ризик на земјата. Тоа значи дека во случај на остварување на тој ризик, бонитетната оценка на Групацијата Триглав би можела да биде повисока од бонитетната оценка на Република Словенија.

Стабилната среднорочна прогноза ги одразува очекувањата на S&PGR дека Групацијата Триглав и во иднина успешно ќе ја спроведува планираната стратегија и ќе го зачува исклучително високото ниво на адекватноста на капитал и профитабилноста во следните две години.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив