16 Јануари, 2025
0.0280

ГТЦ ќе го спасиме

Објавено во: Македонија 23 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Од каде ли излезе овој монструм од архитектура?

Кој тоа го силува градот? Зошто само ГТЦ да се спаси? Монструмот го создадоа архитекти, а изворот е државната политика. Во таква релација невозможно е да произлезе друга архитектура. Архитектурата може само да биде одраз на општествениот момент.

Но ние гледавме и се чудевме, а знаевме се. Дебатиравме - да, апелиравме - да, декларативно ја завземавме правата страна - да, знаеме кој тоа го нарача - да, знаеме кој го проектираше - да, знаеме кој се согласи - да, знаеме кој е во комисија, кој составува проектни програми, кој дава дозволи, кој го прави урбанизмот - да.

Сите се архитекти, професори, вработени во државна администрација, факултет или приватни бироа кои имаат работа (за разлика од другите). Ние не успеавме затоа што не се познававме себе доволно или живееме во заблуда дека сме подобри. Тие не препознаа подобро од самите нас. И додека ние затечени, дебатирајќи и чудејќи се гледавме како ни го одземаат градот, јавниот простор, архитектурата, културното наследство, идентитетот, достоинството, професијата, монструмот се роди и порасна. Тие не потценија, а ние се преценивме.

Сите архитекти, до еден, сакаат да бидат проектанти, малкумина умеат да го остварат тоа, а многумина замислуваат дека се што пипнале е ремек - дело. Треба чесно да ги вреднуваме вистинските проектанти и вистинските архитекти. Треба помалку да зборуваме, дебатираме, објаснуваме, раскажуваме, а повеќе да проектираме, да реализираме.

Очајно ни требаат инжинеришта и професоришта. Не успеавме затоа што сме послаби, недоволно храбри, недоволно чесни, затоа што овде и на 35 години те сметаат млад архитекта, затоа што не излеговме од рововите на комодитет, неспремни да ги изгубиме и трошките што ги фрлаат, затоа што се исплашивме.

Од што? Па секој знае со што може да биде уценет, а неспремен да го изгуби она малку што му го даваат. Не успеавме затоа што повторно професорите ги оставивја студентите сами да предаваат за ГТЦ.

Ќе речат - ама ние ги научивме! Да господа, но тоа Ви е работа, а повторно Ве нема. Затоа што чекавме наместо нас некој да ја извојува нашата битка. Се погледнувавме меѓу себе и со прст покажувавме, ај ти. Е сега ни остана само ГТЦ. Единствена и последна шнаса да се спасиме себеси.

Или да ни биде полесно на совеста дека нешто, малку, направивме. Мора да успееме. Но за да успееме, треба да престанеме да си фрламе прашина во очи. Во ваква поставеност на работите се истакнува оној кој е најбезобразен, фрустриран, невоспитан, необразован, најмалку самокритичен, најспремен на компромис, недоволно квалитетен, а длабоко во себе свесен за тоа. Јасно му е дека друга ваква шанса тешко ќе добие. Само во овие услови може да глуми проектант, урбаниста, да биде професор, аналитичар, началник, член на комисија, автор. Ако не успееме да го спасиме ГТЦ ќе значи дека го заслуживме она што ни се случи. Ако успееме мора да внимаваме да не упаднеме во сопствената замка и да помослиме дека кој знае што сме направиле и да ги бараме заслужните и делиме заслуги. Ако го спасиме само ќе пратиме порака дека тие после нас треба да добијат шанса и да видат јасно каде ние згрешивме, да бидат подобри и почесни од нас. Ние не успеавме да го спроведеме она во што веруваме, не знаевме како, се изгубивме некаде по пат.

Но ГТЦ ќе го спасиме, за инает.

Претседател на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира