ГТЦ ЗАГРАДЕН: Почнува ли преслекувањето во барок?
Објавено во: Македонија 05 Август, 2016
И додека граѓаните се на одмор, власта не мирува.
Дека нешто спремаат укажува оградата која вчера вечерта беше поставена околу Градскиот трговски центар во Скопје.
Градоначалникот на општината не ја знае вистинската причина за тарабите околу трговски, но повеќе детали најави за денес, образложувајќи дека од ќе бара повеќе информации од службите на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Оградата се простира од страната на паркот Жена-борец, па се до Триумфалната порта.
Нема ниту ознаки кој е изведувач на градежните работи ниту пак кој е инвеститор.
Во обраќањата до медиумите, многумина граѓани вчера, се сомневаат дека Владата ќе почнува со преслекување на ГТЦ во барок.
И покрај многуте протести и несогласувања со оваа одлука на граѓаните, ГТЦ да се облече во нов руво, Владата донесе одлука за поставување на барокна фасада на ГТЦ која беше објавена во службен весник на 3 јули 2016.
Град Скопје ќе го реконструира паркот „Жена Борец“
Откако медиумите реагираа, од Град Скопје се јавија со реакција обраложувајќи дека поставувањето оргади (тараби) околу паркот „Жена Борец“ е извршено поради обезбедување на просторот за вршење на градежни работи за реконструкција на паркот.
„Во наредниот период ќе се изврши реконструкција на пешачките патеки во паркот, ќе се постави ново осветлување, ќе се реконструира зеленилото, а на крај ќе биде поставена и нова урбана опрема“, стои во краткото соопштени на Град Скопје. Градежните работи на терен, велат ќе ги извршува фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци.