16 Декември, 2025
0.0505

Гурманска недела во Градски парк по повод 10 години на Советот на странските инвеститори при Стопанска комора Македонија

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2016 10:44

Добивај вести на Viber

Денес ,во Градскиот парк во Скопје Советот на странски инвеститори при Стопанска комора Македонија го прослави својот 10 годишен јубилеј на невообичаен начин зачинет со многу автентични гурмански специјалитети од 11 различни земји. Љубителите на добрата храна и расположение дојдоа во огромен број заеднички да го прослават овој роденден и воедно да бидат дел од хуманата намера на настанот, бидејќи храната се послужуваше за симболична цена од 100 денари, парични средства кои ќе се подарат на народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле и во Хуманитарно здружение „Хилал“.

p

На настанот беа присутни претставници од странските инвеститори, кои ја искористија можноста да се дружат со граѓаните и да ја промовираат културата на своите земји преку традиционално мени, карактеристична токму за нивните земји.

p1

„Многу ми е мило што успешно се реализираше денешниот настан. Советот на странските инвеститори веќе десет години постои во Македонија, и јубилејот решивме да го прославиме на еден поинаков начин. Сакавме да ја приближиме културата на земјите од каде потекнуваат инвеститорите до македонците. А како подобро да се постигне таа цел ако не со храна?Странските инвеститори вработуваат над 50000 вработени во Македонија и  соработуваат со голем дел домашни компании. Затоа подоброто запознавање е неопходно за продолжување на досегашната соработка.“, изјави г. Петер Штефан, Претседател на Советот на странски инвеститори и Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

p4

Овој настан беше одлична можност да се прослави долгогодишната посветена работа на Советот во нашата земја и ветување за понатамошни успешни проекти, настани и случувања кои ќе ја зајакнат нивната позитивна слика во нашето општество.

p9

Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија е основан во 2006 година заради обезбедување консултативни и советодавни мислења, предлози и прашањата во насока на поттикнување на инвестирањето во македонското стопанство.

p13

Во Советот членуваат истакнати странски стопанственици и експерти кои работат во македонски трговски друштва, чија активност е насочена кон унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста во работењето.

p15 p18 p20

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив