26 Декември, 2024
0.0342

Хет-трик на велешанката Јорданова во ЕСМ! Што ќе му продаде на ТЕЦ „Осломеј“ за 2,3 милиони евра?

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Фирма од Ѓорче Петров регистрирана за трговија на мало со весници и канцелариски материјал фаќа три тендери за набавка на адитиви и антифриз за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј во вкупен износ од 7 милиони евра! Трите тендери се во период покус од 100 дена. На трите тендери фирмата на велешанката Маја Јорданова нема конкуренција и е единствен понудувач!

Скопската компанија „Браинкоде“ повторно доби тендер во државниот производител на електрична енергија ЕСМ.И овој пат, трет во низа, оваа скопска фирма е единствен понудувач на тендер за “одмастување“. Овој пат клиент е кичевската термоцентрала ТЕЦ „Осломеј“ која е дел од ЕСМ. Сите детали се на овој линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/3bac461b-cce8-4f38-accb-6bab2c08d980

„Браинкоде“ е повторно единствен понудувач за набавка на адитив овој пат за одмастување односно намалување на згура односно троска во котелот на термоцентралата во близина на кичевското село Осломеј. Фирмата од Ѓорче Петров која нема промашено на тендер на ЕСМ овој пат ќе продаде 120 тони адитив за што ќе наплати 2,3 милиони евра (со вклучен ДДВ).

Повторно адитивот за одмастување е од италијанскиот производител ACQUA FLEX S.R.L. и секој набавен тон адитив ќе чини 16.20 евра.

ТЕЦ „Осломеј“ е најмала од аспект на инсталиран капацитет од термоцентралите со кои располага ЕСМ. Воедно според статистичките податоци и најнедоверлива во својата работа. Особено затоа што наоѓалиштата на сопствен јаглен околу ТЕЦ „Осломеј“ се одамна исцрпени па компанија во изминатиов период особено се потпираше на увозен лигнит.

Како што веќе пишувавме фирмата на велешанката Јорданова е регистрирана за трговија на мало со весници и канцелариски материјали и постои од 2017 година. Според последните достапни финансиски податоци за 2022 година „Браинкоде“ нем податок за број на вработени, а вкупните приход во таа година биле пониски од 350.000 евра.

Во период пократок од 100 дена велешанката Јорданова од ЕСМ добива три тендери во вкупна вредност од 7 милиони евра.

За потсетување кон крајот на октомври лани „Браинкоде“ го доби првиот тендер од ЕСМ. И тогаш беше единствен понудувач. Склучи договор за набавка на адитиви во РЕК Битола кои треба да го намалат замастувањето односно да го намалат формирањето на згура која е дериват при согорувањето јаглен за правење на електрична енергија.[img border="0" width="1" height="1" id="ymail_ctr_id_-923288-4">

Адитивот ќе го набави Браинкоде фирма регистрирана во општина Ѓорче Петров е од италијанскиот производител AQUAFLEX S.R.I, а неговата специјализација во областа на чистење разладни кули е достапна на следниот линк http://www.acquaflex.com/index.php/en/product-service/water/cooling-tower-evaporative-condenser

Помеѓу овие два милиони тендери Јорданова фати уште една набавка во ЕСМ. Овој пат вредноста беше „ситница“ во однос на овие два тендери. Повеќе детали има на следниот линк https://faktor.mk/koja-e-veleshankata-jordanova-chija-ponuda-vo-rek-bitola-ne-se-odbiva-za-dva-tenderi-kje-naplati-do-464-milioni-evra

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал