Хоџа: Почитувани се сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2022 13:06
Сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово се почитувани. По донесувањето на вчерашната владина одлука за распуштање на Советот на Општина Тетово, натамошната процедура продолжува во Собранието на Република Северна Македонија, по што ќе бидат распишани вонредни избори за избор на нов Совет, изјави на денеска портпаролот на Владата Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање зошто Владата доцни еден месец, согласно роковите, со распуштање на советот на тетовската локална самоуправа.
-Согласно законските одредби, ќе бидат организирани предвремени избори за Советот на Општина Тетово, соопшти Хоџа.
Владата на вчерашната седница донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово.
Од Владата вчера посочија дека причината за распуштање на Советот на Општина Тетово е исполнување на еден од условите во член 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени, ако не ја донесат завршната сметка на Буџетот до 31 март, како што е предвидено со законската одредба.
-За ова решение, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република Северна Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби, соопштија од Владата.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




