20 Април, 2024
0.0262

Huawei нуди до 50% попуст на промена на екранот на мобилни телефони на сите свои клиенти во Северна Македонија

Објавено во: Мои пари 15 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Huawei од од денес започнува нова сервисна кампања во Северна Македонија, која ќе трае до средината на септември. Во овој период, секој доносител на телефон Huawei може да замени скршен или неисправен дисплеј со попуст до 50%, без дополнителни трошоци.

Скршен или испукан екран или оштетена батерија се некои од најголемите проблеми со кои корисниците на мобилни телефони се соочуваат секојдневно. Сепак, ова не важи за корисниците на телефони на Huawei кои можат да имаат корист од специјалната услуга Huawei Care од 15 август до 14 септември.

Денес е важно секој корисник да ги заштитува своите лични податоци, дури и кога го остава својот телефон во сервис. Huawei обезбеди токму таква услуга Huawei Maintenance Mode (можете да ја најдете во апликацијата HiCare), што гарантира дека никој нема да има пристап до вашите лични податоци.

Со новата сервисна кампања, покрај обезбедувањето нов дисплеј, Huawei им овозможува на корисниците да ја заменат и батеријата на нивниот паметен телефон. Оваа услуга се однесува на одредени модели, за кои можете да се консултирате во овластениот сервисен центар на Huawei.

Новата услуга со попуст до 50% за замена на екранот се однесува на избраните клучни модели Huawei: P20, P20 Pro, Mate 20 lite, P20 lite, Mate 20 Pro, P Smart 2019 и Y Series модели - Huawei Y6, Y5, Y6 2019.

Попустот што ќе го добиете при замена на скршен екран можете да го проверите овде: https://consumer.huawei.com/mk/support/screenreplacement/.На овој сајт можете да ги најдете и сите детални услови за оваа промоција.

Секој клиент може да има корист од промоцијата на услугите доколку лично го посети овластениот сервисен центар на Huawei кој се наоѓа на бул. „Борис Трајковски“ бр.72  во Скопје. Таму, секој може да добие совет или помош за нивниот Huawei уред секој работен ден од 8 до 16 часот.

Huawei исто така ве потсетува на тековната сервисна кампања до крајот на годината, којаможете да ја искористите секоја последен четврток и петок во месецот, при што ќе добиете попуст од 1.300 денари на секоја поправка вон гарантниот рок и бесплатен заштитник на екранот кога ќе заврши поправката. Детални информации за тоа може да се најдат на официјалната веб-страница https://consumer.huawei.com/en/support/.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга