И ДЕНЕСКА ЌЕ ВРНE: Во кој град наврнаа 53 литри дожд на метар квадрaтен?
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2024
Во последното деноноќие најмногу дожд наврна во Дебар.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дебар, дури 53 литри, додека снежната покривка до 7 часот утринава изнесуваше 47 сантиметри на Попова Шапка, 27 сантиметри во Маврово, 7 сантиметри во Крушево.
До 7 часот најниска температура од градовите е измерена во Крушево, и тоа -1 степен, а највисока во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 7 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР).
Најниските утрински температури ќе изнесуваат од -1 до 5 степени Целзиусови, а максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 10 степени Целзоусови.
На планините и на некои од повисоките места ќе врне снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, засилен северен ветар.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а во повисоките делови од котлината ќе врнат дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветар.
Од 06:55 часот утрово, на патниот правец Гостивар – Стража и обратно, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.