(ВИДЕО) ГЕРАСИМОВСКИ: Полицијата веднаш да реагира за вандалското однесување во Капиштец!
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2024
Во населбата Капиштец, малолетници синоќа повторно се однесувале вандалски. Група малолетници кршеле шишиња, палеле петарди и предизвикувале тепачки, со што директно го загрозуваат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.
„Ова не е изолиран инцидент, туку континуиран проблем кој бара итна реакција. Како одговорни граѓани, веќе поднесовме пријава до надлежните институции и апелираме до Министерството за внатрешни работи веднаш да преземе мерки за справување со овие недолични активности и да поведе детална истрага”, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Очекува брза и ефикасна реакција со цел да се спречи некоја поголема трагедија. И претходно, млади лица уништуваа урбана опрема, а потоа обија и возеа багер.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.