И компанијата АрцелорМиттал Скопје се вклучи во акцијата „Ден на дрвото“
Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2014 12:49
Засадувањето на садници бреза беше реализирано од страна на сите вработени во компанијата меѓу кои и извршниот директор Јуан Педро Јименез Наварро. Оваа акција ја поддржа и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
„Како и сите досегашни акции по повод “Ден на дрвото”, компанијата АрцелорМиттал Скопје во целост ја поддржува и учествува во активностите и на оваа Есенска акција што се одвива под мотото „Стоп на катастрофите.“ Во тие рамки засадувањето млади садници во дворот на нашата фабрика ќе претставува придонес кон напорите Општината Гази Баба, а со тоа и градот Скопје да се развива, пред се, како одржлива здрава животна средина. Очекуваме дека со засадувањето и растење значајно ќе се оплемени околината околу нашата фабрика, што значи и разубавување на пејсажот, но и подобрување на воздухот и биодиверзитетот во околината“, порача Јуан Педро Јименез Наварро, извршниот директор на АрцелорМиттал Скопје
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




