И Твитер на мета на Исламската држава!
Објавено во: Мои пари 02 Март, 2015 21:27
Џихадистите на Исламската држава (ИС) ги повикале своите следбеници ширум светот на убиство на вработените во компанијата „Твитер“ откако оваа социјална мрежа ги блокирала профилите на екстремистите кои на нив ја ширеле својата пропаганда.
Компанијата „Твитер“ соопштила дека со релевантни безбедносни служби работи на проверка на вистинитоста на заканата, јавува АФП.
Припадниците на Исламската држава на интернет ја поставиле сликата на која преку ликот на еден од основачите на Твитер Џек Дорсиј е нацртана метата.
„Вашата виртуелна војна против нас ќе предизвика војна против вас“, пишува на постот кој на арапски јазик ги повикува џихадистите после бришењето н профилите на Твитер да одговорат со убивање.
„Започнавте војна која ќе ја изгубите. Од почетокот ви рековме дека ова не е ваша војна, но ни вие не сфативте и продолживте да ги блокирате нашите профили на Твите, но ние секогаш се враќавме“.
Мрежата Твитер ги суспендираше профилите кои ги кршат нејзините услови на користење а кои забрануваат закани со насилство и други илегални активности.
Џихадистите на ИС во Сирија и Ирак го користат Твитер да шират пропаганда за своите воени победи на начин на живот во „калифатот“ , како и да регрутираат други екстремисти.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




