Идентификувана девојката што се самозапали во Градски Парк
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2015
Утврден е идентитетот на девојката која си го одзеде животот самозапалувајќи се вчера во Градскиот парк во Скопје.
Станува збор за 45 годишната Р.С. од Скопје.
Според извршената идентификација јавен обвинител од Основното јавно обвинителство издал Наредба за криминалистичко – техничко вештачење, како и Наредба за обдукција на телото.
Немилиот настан бил забележан од едно лице кое било сведок на настанот.
Надлежните велат дека сведокот го слушнал пискотот на сега починатата во моментот додека горела и повикал екипа на Брза помош со која комуницирала до нејзиното доаѓање на местото на настанот.
Се работи на целосно расветлување на случајот.