10 Мај, 2024
0.0255

Иднината на дофат: Интелегентен скенер кој се носи во џеб

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Неверојатно брзото секојдневие едноставно направи работата и професионалните обврски да ни бидат главната преокупација во текот на денот. Слободното време скоро и да го нема, па токму поради тоа главните технолошки брендови се трудат да му овозможат на човекот што повеќе опции со цел да си ја олесни работата.

Доколку во популарните научнофантастични филмови гледавме како ликовите во своите џебови носат се што им е потребно, тогаш добродојдовте во иднината. Имено, Microsoft преку новиот Office 365 ги откри поволностите на апликацијата OneNote, со чие инсталирање на мобилната апликација Office Lens едноставно овозможува пристап до мини професионален скенер на дофат во џебот. Со фотографирање било кој важен документ, Office Lens ја прочистува “скенираната” фотографија од документот и ја преработува да изгледа како професионален документ кој може да се разгледува, споделува па  дури и едитира преку мобилниот уред кој секој го носи со себе.

office-lens-scan

Со ова се заштедува на време, па наместо да барате скенер, кој најчесто го имаме во нашите канцеларии, сега скенерот ќе биде постојано со вас.

Сепак, апликацијата Office Lens нуди и многу нови можности кои и тоа како ќе го поедностават нашиот живот. Имено, постои можност постојано да сте во контакт со своите најблиски дури и додека сте во движење на состаноци или пак на работа, праќајќи им фотографирани потсетници зачувани во OneNote кои сте ги запишале откако ви текнало за сè она кое што треба да се купи за домашната залиха на производи, без разлика дали се работи за млеко, хемикалии за чистење, или пак намирници за роденденската торта која треба да се приготви дента после работа за роденденот на баба. Најважно од сè: забавно е, практично, а вашите деца ќе ве гледаат како кул родител кој ги следи најновите трендови во светот на технологијата.

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните