ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА ОВОЗМОЖИ ОУ„ХРИСТО УЗУНОВ“ ОД ОХРИД, ДА ДОБИЕ МУЛТИФУНКЦИОНАЛНО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ
Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2022 16:34
Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија го пушти во функција мултифункционалното спортско игралиште во ОУ „Христо Узунов“ од Охрид. За неговата реконструкција, Видеолотарија обезбеди 3.284.819,00 денари.
Со донација од 3.284.819, 00 денари Видеолотарија Касинос Австрија го стави во функција најновото мултифункционално спортско игралиште во ОУ „Христо Узунов“ од Охрид. Ова игралиште е петто по ред од овој тип, во склоп на проектот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“. Претходно веќе беа ставени во функција игралиштата во Свети Николе, Битола, Гевгелија и Лојане.
Со оваа донација овозможивме да се направи ново и модерно спортско игралиште на кое младите ќе може да играат ракомет, фудбал, кошарка. Игралиштето има нова подлога, спортски реквизити, ограда, со што овозможуваме децата да играат и спортуваат безбедно.
Директорката на училиштето, Марина Ѓоргоска изрази благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија, нагласувајќи дека со ова игралиште, училиштето ќе биде пример како да се развива и унапредува воспитно-образовниот процес, но и како треба да се негува спортскиот дух како важен дел од развојот на младите.
И градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков се заблагодари на Видеолотарија, истакнувајќи дека оваа донација е дел од заложбата за вложување во спортската инфраструктура на градот.
Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




